Во делот на јавноста, судијата направил интелектуален фалсификат, обвини специјалната јавна обвинителката Фатиме Фетаи по денешното рочиште за случајот со наслиствата пред општина Центар.
-Дел од новинарите кои беа присутни на претходното рочиште се сведоци на тоа дека кога јас како застапник на обвинението и одбраната се произнесувавме во однос на употребливоста на незаконски следените разговори како докази, јавноста беше исклучена, а откако се вративте судијата прочита на тивок глас дел од тоа што беше кажано од наша страна. Во записникот е наведена обратна ситуација, дека јас сум се произнела во присуство на јавноста, одбраната на обвинитетиот и дека јавноста била исклучена единствено кога се слушале аудио снимките, што не е точно. Има и други работи кои се невистинито внесени во записникот, затоа ја бараме снимката од судењето на која имаме право согласно одредбата од член 374 од законот за кривична постапка, изјави Фетаи.
Таа додаде дека за интелектуалниот фалсификат кој според неа е направен од судијата има соодветна кривично-правна норма предвидена од кривичниот законик која го санкционира ваквото поведение, а предвидени се и други постапки.