Додовски: Јанева и Фетаи вршеа притисок врз судијката

by fokus

Ова е однапред подготвено сценарио да се изврши притисок на судијата, тврди адвоката на обвинетиот Никола Груевски, Никола Додовски за случувањата на денешното рочиште.

-Колку и судија да е трпелив, поинакво постапување на постои, законот не предвидува да се толерира агресивно однесување без правна основа. Не беа приговорите затоа што не беа доставени записниците, туку заради одредени забелешки на записникот. Тие се доставуваат до судијата. На забелешки тој одлучува дали се основани и го корегира или не записникот, изјави Додовски по рочиштето кое беше прекинато и одложено.

Според него, обвинителките од Специјалното јавно обвинителство, Катица Јанева и Фатиме Фетаи ја опструирале постапката со приговори кои немале правна основа.

Поврзани новости