Грција повторно гори, постои сомнеж дека пожарот е подметнат

by fokus

Од копно и воздух, со 138 пожарникари, 44 возила, четири авиони и пет хеликоптери, противпожарната служба се обидува да го изгаси големиот шумски пожар што изби кусо по 2 часот по полноќ во приморското предградие Неа Макри во источниот дел на регионот Атика, jави дописничката на МИА од Атина.

Пожарот рано утрово е со намлен интензитет, но без се уште да биде ставен по контрола, а не претставува опасност за жителите на населбата, иако на почетокот беше во близина на домови, по што подоцна го промени правецот.

Од грчката полиција соопштуваат дека неколку улици, поради пожарот, се затворени за сообраќај на возила.

Според грчката новинска агенција АНА-МПА, министерот за внатрешни работи на Грција, Такис Теодорикакос е во Неа Макри и рекол дека постои огромна мобилизација на сите и смета дека е избегнато најлошото.

Генералниот секретар за цивилна заштита на Грција, Никос Хардаљас, за АНА-МПА истакнал дека ова е седми пожар во областа во изминатите девет дена.

Постојат сомнежи дека пожарот бил подметнат.

Поврзани новости