Царовска: Ако се докажат сомневањата ќе одговараат сите кои барале мито при посвојување деца

by fokus

Основното јавно обвинителство по допрен глас истражува дали во процесот на посвојување деца одредени лица од Министерството барале пари, потврди денска министерката за труд и социјална политика, Мила Царовска.

– Јас не би коментирала истрага што ја води ОЈО. Сите информации што се побарани од нас и со кои располагаме ги даваме затоа што намерата ни е да имаме правна држава во која сите се чувствуваме безбедно  и сигурно. Ако ова е така и се докаже, очекувам сите што биле вклучени  во еден таков процес да одговараат – рече Царовска.

Во извештајот на Народниот правобранител, рече министерката, се наведува оваа тема, но како што рече, не се наведуваат докази.

– МТСП не е истражен орган и очекуваме надлежните институции да си ја завршат својата работа. Секое сомнение или јавно искажан збор дека некаде постои трговија со луѓе, деца … треба да се истражува. Ние како Министерство стоиме и сме отворени и соработуваме со МВР, со Обвинителството и сите други надлежни служби – рече Царовска денеска одговарајќи на новинарски прашања.

Поврзани новости