На денешното судење за насилството во општина Центар се случи пресврт бидејќи еден од 14-те обвинети призна вина, а останатите меѓу кои и екс премиерот Никола Груевски и екс министерот Миле Јанакиески тврдеа декка се невини.
Бикдејќи обвинетиот Томислав Лазаров, кој актуелен советник во општина Центар од редовите на ВМРО-ДПМНЕ рече дека се чувствува виновен за насилството што се случило во општина Центар, судијката Татјана Михајлова ја издвои постапката за него, па во текот на денешниот ден тој ги даде и своите завршни зборови.
Според ЗКП, судијката денеска требаше да ја донесе и пресудата, но бидејќи како што рече, премногу е уморна, па затоа тоа ќе го стори на 24 овој месец.
Во својот завршен збор Лазаров кажа дека признанието на вина е негова лична одлука и никој не му влијаел, ниту пак му правел притисок така да се произнесе пред судот. Тој даде ветување пред судот бидејќи е е актуелен советник во иднина нема да го повтори однесувањето, кое го имал на 6 јуни, 2013 година.
Обвинителката Фатиме Фетаи во својот завршен збор побара од судот да ги цени сите олеснителни и отежителни околности на обвинетиот. Како олеснителна околност наведе дека Лазаров досега не е осудуван, како што рече никогаш не се огрешил пред законот, а напомена и дека е оженет и е татко на две малолетни деца.
„Се работи за партиски кадар, кој бил спрегнат да работи за интересите на највисокото партиско тело, а не за доброто на сите граѓани – рече Фетаи, која дополни дека обвинетиот како тогашен советник ги преставувал интересите на граѓаните, па затоа се очекувало и да работи во нивен интерес, а на во интерес на партијата која го претставува.
Фетаи во завршниот збор и точно ја опиша улогата која ја имале дел од обвинетите во овој случај.
„Локација од која извира идејата за настанот е од мозокот на Никола Груевски, а веднаш по него е послушникот Миле Јанакиески. Лазаров е еден од потикнувачите на извршителите на насилството – рече Фетаи.
Таа, исто така додаде дека била позитивно изненадена од признанието на Лазаров бидејќи тоа е од значење за целата постапка, која ќе продолжи да се води против останатите 13 обвинети.
В.В.