Шилегов: Раката да ми се исуши ако дадам 1,3 милиони евра за фасадата на „Пелагонија“

by Fokus 15:51
15:51

Градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов на денешната седница на Советот истакна дека нема да дозволи ниту една барокна фасада да се гради, меѓу кои и онаа на зградата на „Пелагонија“ до Порта Македонија, која веќе се реновира.

„Раката да ми се исуши ако го потпишам договорот за фасадата на ‘Пелагонија’ од 1,3 милиони евра. Се трошеле милиони евра за фасади. ‘НАМА’ ги чини граѓаните 2,3 милиони евра. Парите за оваа намена што ги планирало минатото раководство од 6 милиони евра ќе ги пренамениме за фасади во средните училишта” рече Шилегов.

- Advertisements -

Тој додаде дека  Градот има долг од 36 милиони евра.

 

 

Поврзани новости