Заев: Живееме со далеку понизок стандард од ЕУ, но очекувам влез пред 2020.

by fokus 15:38
15:38

Очекувам мојата земја да стане полноправна членка на Европската унија пред 2020 година, но тоа е моја желба, и ќе зависи од тоа колку ќе ги исполниме условите, изјави премиерот, Зоран Заев, на денешната заедничка прес конференција со еврокомесарот за проширување, Јоханес Хан.

-Ако ги подобриме тие перформанси верувам дека ЕУ ќе биде позитивна во делот на проширувањето. Но тоа зависи и од економските услови. Зајакнување на стандардот на македонските граѓани меѓу другото ќе значи и брзо приближување на Македонија кон ЕУ. Ние сме далеку на понизок стандард на живот – рече Заев.

- Advertisements -

Тој додаде дека се прават услови за да се подобри инвестициската клима во Македонија. Како што рече премиерот, со 19 странски компании или склучиле договор или се во процес на склучување, а забележана е, рече, и зголемена активности на домашните компании по завршување на политичката криза.

За спорот со името Заев посочи дека доаѓаат и од грчка страна позитивни сигнали за решавање на пробелмот.

-Периодов има одлични пријателски односи меѓу Македонија и Грција, интензивирани се посетите и комуникацијата, што не беше случај во минатато. Тоа е причина за создавање на позитивна клима и ни дава оптимизам да го искористиме моментот. Верувам и имам информации дека и од грчка страна гледаат на периодов како на позитивен моментот. Тоа ни дава за право да го искористиме овој момент и конечно да се изнајде решение за овој проблем кој Грција го има со нашето уставно име – рече тој.

Поврзани новости