Фетаи: Иако Заев најавуваше, сепак „бомбите“ не открија друга вистина за „Монструм“

by fokus

Обвинителката Фатиме Фетаи, во завршниот збор за случајот „Монструм“, распослан на 70 страници, се осврна и на прислушуваните разговори, поради кои СЈО ја доби надлежноста врз случајот, потенцирајќи дека истите не открија нова или поинаква вистина за петкратното убиство.

-Од прислушуваните материјали не произлегоа битни факти. Нужноста истите да бидат презентирани беше потребата за трагање по вистината, но и отфрлање на сите сомнежи кои се појавија низ годините, истакна Фетаи.

Таа го посочи премиерот со премиерот Зоран Заев, кој од позиција на лидер на тогашната најголема опозициска партија, јавно зборуваше дека прислушуваните разговори ќе ја откријат вистината за „Монструм“.

-И покрај ваквото тврдење се отфрлија сомнежите дека постои друга вистина, на која, на еден начин, беше навлечена јавноста. Но, ниту прислушуваните материјали, ниту неговиот исказот, не ја смени вистината во „Монструм“, истакна Фетаи, туку додаде дека преквалификацијата следува по правилната анализа на сите прибавени докази.

Таа додаде и дека на прашање на обвинителството дали постојат други материјали, Заев потенцирал дека сите материјали биле предадени на СЈО, а поради тоа што дел биле прибавени преку посебни истражни мерки бил советуван од неговите адвокати да не ги објавува во јавноста, поради што ги предал во СЈО.

Претходно, обвинителката направи преквалификација на диспозитивот на обвинението. Алил Демири, Африм Исмаиловиќ и Агим Исмаиловиќ ги обвини за извршување на петкратното убиство, односно за делото тероризам, а Хаки Азири дека им помогнал. Фејзи Азири пак е обвинет дека им помогнал на извршителите да избегаат.

За обвинетиот Сами Љута пак обвинителката кажа дека обвинението е повлечено, поради што, како што рече, очекува судот да донесе ослободителна пресуда.

В.В.

Поврзани новости