Царовска: Бојкотираат изолирани групи, нема бегање од државната матура

by Фокус 13:56
13:56

Една гимназија во Скопје има поорганизирано дејствување со бојкот на наставата за државната матура, сите други се изолирани групи во дел од гимназиите, вели министерката за образование Мила Царовска, по средбата со наставници од основни училишта посветена на нацрт-концепцијата. Според неа, во интерес на учениците и на квалитетното образование во земјава е да се спроведе државната матура според актуелниот концепт.

– Секако дека се потребни измени во концептот за матура, но оваа година е законски утврдено како се полага и зошто се полага матура, и од тоа нема бегање. Концептот е утврден на почетокот на учебната година и тој се спроведува во моментот. Секое поместување ќе им направи проблем на учениците за запишување во високото образование надвор или во земјава. Токму затоа утврдивме дека сега одиме со овој концепт. Повеќе од 14 илјади ученици имаат пријавено да полагаат – истакна Царовска.

- Advertisements -

Поврзани новости