Мицкоски: Толку се неспособни што дури и подарени вакцини не може да ги применат

by fokus 14:18
14:18

Лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во објава на Фејсбук оцени дека Владата нема план за вакцините и не може да ги примени ниту подарените. Тој тврди дека српската премиерка, Ана Брнабиќ кажала дека и покрај тоа што одлучиле да помогнат со вакцини процесот бил закочен бидејќи вакцината не е рег

-Пред еден месец кога Бугарија соопшти дека ќе ни подари вакцини против корона, тоа го поздравив и прашав дали Владата има воопшто план? Денес го добивме одговорот декa нема. Имено премиерката на соседна Србија, Брнабиќ кажува дека и покрај тоа што одлучиле да помогнат со 8 илјади вакцини процесот е закочен зошто вакцината не е регистрирана и има отсуство на план за регистрација. Со други зборови, додека светот оди напред, нашата Влада го губи времето, додека народот умира на рати. Толку се неспособни што дури и подарени вакцини не може да ги применат. Што правеа додека регионот планираше и бараше вакцини?, напиша Мицкоски на својот фејсбук профил.

- Advertisements -

Поврзани новости