Фертилитетот намален затоа што паровите одложуваат стапување во брак

by fokus

Во текот на 2016 година, вкупно се родени 23.199 деца, од кои 23.002 живородени и 197 мртвородени деца. Според возраста на мајката, најголемо учество, односно 34,1 отсто се живородени деца од мајки на возраст меѓу 25 и 29 години, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Најголемиот број од живородените деца  88 отсто се родени во брак. Вредноста на тоталната стапка на фертилитет  во 2016 година изнесувала 1.50  живородени деца на една жена. Од државната статистика сметаат дека намалувањето на фертилитетот е резултат на одложувањето на стапувањето во брак во повозрасните години.

Инаку, според податоците на Заводот за статистика во Македонија живеат над два милиони жители, односно 2.073.702 жители до крајот на 2016 година. Најзастапена е младата репродуктивна популација, 16,6 проценти се деца до 14 години, и 13,1 отсто се возрасни над 65 години.

Податоците на Државниот завод за статистика покажуваат дека 2.144 лица се иселиле од Македонија а 8.887 ги промениле местото и адресата на своето живеење.

Поврзани новости