Четири автомобили, камион и автобус се судрија кај клучката Хиподром, повредени три лица

by fokus

Пред клучката Хиподром на излезот од Скопје утринава се случила сообраќајна незгода во која учествувале четири патнички возила, еден камион и еден автобус. При судирот со повреди се здобиле три лица. Една жена е префрлена на Ургентниот центар во скопските клиники, додека две машки лица биле префрлени во ГОБ „Св Наум Охридски“.

Од Министерството за внатрешни работи информираат дека судирот бил пријавен во полиција во 7.40 часот утринва. Од таму додаваат дека два од автомобилите се со скопски регистарски таблички, едно со прилепски и едно со велешки. Камионот е со охридски регистарски таблички, а автобусот со скопски.

Фото: 24вести

Поврзани новости