Судија на претходна постапка му одреди притвор на 39-годишен кумановец кој крадел по куќи, влегувајќи преку незаклучените врати.
„Секторот за внатрешни работи Куманово поднесе кривична пријава против лицето А.З. (39) од Куманово поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „кражба“, „кражба во обид“ и „разбоjничка кражба“. Пријавениот, во периодот од 18 до 21.06.2018 година, преку незаклучени врати влегол во три куќи. Во едната одзел златен накит и пари стекнувајќи се со противправна имотна корист од 300.000 денари. Во втората бил затекнат од сопственикот додека вршел пребарување, по што побегнал без да одземе ништо. Во третата куќа, исто така, бил затекнат од сопственичката како држи одземени пари, по што неколку пати ја турнал и успеал да побегне со дел од парите. Од страна на Судија на претходна постапка на А.З. му е одредена мерка притвор во траење од 30 дена“, велат од МВР.