Сосед на убиениот Филип во Монструм бил кај Смиљковското езеро два часа пред да се случи убиството

by Fokus

Сашо Лазаревски, сосед на Филип Славковски, едно од убиените момчиња кај Смилковското езеро, во моментот сведочи пред Кривичниот суд.

Два часа пред да бидат убиени момчињата тој бил кај езерото И си заминал дома.

-На риба отидов во 10.30 часот и таму седев до17.30 часот. Бев со чамец во езерото, а кога излегував немаше рибари. Ја видов колата.на Филип, но него и другарите ги немаше. Кога се вратив рано сум заспал, а децата ме разбудија во два часот по полноќ

И ми кажаа дека на фејсбук прочитале дека ги убиле децата, истакна сведокот Лазаревски.

Тој утрото ја носел сопругата на работа кога на улица го забележал таткото на Филип. Тогаш му ја кажал лошата вест.

-Видов дека човекот ништо не знае. Не му кажав директно, но го прашав дали Филип се вратил дома. Тој рече дека не се вратил, се присети Лазаревски.

Дента на убиството истакна дека не забележал ништо невообичаено, бидејќи бил сконцентриран на рибата. Појасни дека додека тој бил во езерото влегле двајца рибари со чамец, кои дошле со сив џип, но набрзо си заминале. Истакна дека овој џип тогаш за прв пат го забележал кај езерото.

На прашање на обвинителката Фатиме Фетаи дали би го препознал возилото доколку му го покаже на слика, тој истакна дека не би можел.

В.В.

Поврзани новости