Со 5.000 евра Тео Богоевски ќе си го оствари сонот и ќе излезе надвор

by Fokus 13:00
13:00

Недостигаат уште пет илјади евра, за младиот Тео Богоевски да си го оствари сонот и да добие нова електрична количка.

Хуманитарната акција за собирање на средства за нова електрична количка за Тео започна пред неколку месеци. Се одржаа донаторски забави и се апелираше по социјалните мрежи. Количката која што му е потребна изнесува 18.000 евра, а со помош на неа, тој ќе може самостојно да излегува надвор, да се движи и да функционира и надвор од својот дом.

- Advertisements -

Богоевски се здобил со вратна повреда во 2008 година, и оттогаш е во количка. Сепак, количката која што ја поседувал сега била нефункционална, и можел да ја користи само дома.

-Електричната количка која ја поседувам и која до сега можев само дома да ја користам е нефункционална низ скопските улици. Не можам да качам ниту 5 сантиметри, а спуштањето од тротоар е преопасно за да можам сам. Брзината е пребавна (за пример, на половина пешачки ми се пали црвено светло на семафор, што е многу опасно) и поради тоа што е доправена, шипките до нозете веќе ми набиле до коска. Од тие причини почнав да барам друга количка, најсоодветната за степенот на инвалидитет и инфраструктурните бариери и се испостави дека тоа е Quicky m2 Sedeo Ergo која чини 18.000 евра. Целиот овој процес на собирање средства е најтешкиот, а воедно и најубавиот период од мојот живот. Тежок, затоа што егото и достоинството го отежнуваат барањето, а најубав поради љубовта која доаѓа од сите страни и ви покажува дека не сте сами. Секоја една донација ми е драга при срце, како мајчинска прегратка, заштитничка. Низ целиот процес запознав преубави луѓе по срце и душа – ни изјави Тео на почетокот на месецот, кога се одржа хуманитарна забава со повеќе музички ѕвезди, со цел да се соберат потребните средства.

Сепак, уште 5.000 евра го делат Богоевски од остварувањето на својата цел. Сите кои што сакаат да му помогнат, можат да донираат на трансакциска сметка Теодор Богоевски 300001000024737 Комерцијална банка Девизна сметка Аcc n° 02-307-0498464.8 IBAN MK07300307049846434 SWIFT KOBSMK2X Rilski kongres 87. За донирање отворен е и телефонскиот број 070 143 106.

Вики Клинчарова

Поврзани новости