Фатен е крадец во Тетовско, украл предмети од куќа во село Камењане

by Fokus

МВР информира дека вчера во 16.00 часот, полициски службеници на СВР Тетово го лишиле од слобода Џ.И.(38) од тетовско Камењане.

Тој се сомничи дека извршил тешка кражба во куќата на Џ.Р.(61) од истото село, при што одзел повеќе предмети.

Одземеното било пронајдено и вратено на сопственикот, а Џ.Р. бил задржан во полициска станица.

По целосно расчистување и документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Поврзани новости