Фајзер почнува да тестира вакцина против ковид-19 на бебиња

by Fokus

„Фајзер“ најави дека наскоро ќе започне со тестирање на својата вакцина против ковид-19 на бебиња. Фармацевтската компанија, заедно со својот германски партнер, креаторите на првата вакцина против ковид-19, ќе тестираат 4.500 деца волонтери на повеќе од 90 локации во САД, Финска, Полска и Шпанија.

Децата на возраст од 5 до 11 години ќе добијат две дози од по 10 микрограми што е приближно една третина од дозата што се користи за тинејџери и возрасни. Некои ќе добијат плацебо инјекции.

Тестирањата за шестмесечни бебиња ќе започнат за неколку недели и тие ќе добијат доза од 3 микрограми.

До септември може да се очекуваат резултатите за деца од 5-11 година, додека за помладите подоцна.

 

Поврзани новости