919
Фајненшал Тајмс објави анализа на целата политичка ситуација во Македонија, во која се вели дека ако обвинувањата за изборен фалсификат се докажат како точни, тоа ќе биде една од најзначајните изборни измами изложени во Европа во последниве децении и европски функционери велат дека ќе бидат потребни нови избори.
Во овој текст, Фајненшал Тајмс пренесува и изјава на лидерот на опозицијата, Зоран Заев кој вели дека властите во Македонија издале повеќе од 100.000 лажни лични карти.
-Имаат издадено повеќе од 100 илјади лажни лични карти. Искористиле 9 милиони евра државни пари за изборите; за трошоците за кампања и за директно купување на десетици илјади гласови, кои се во износ од 22 отсто од сите гласови, изјави Заев за Фајненшал Тајмс.