Фабриката „Леар” затворена дури не се расчисти скандалот со масовното труење

by fokus

Од американската фабрика „Леар“, каде што синоќа беа затруени околу 200 луѓе, во соопштение информираат дека фабриката ќе биде затворена сè додека не се реши случајот и  додека не се осигурат дека нема да се повтори.

-За компанијата „Леар“ ништо не е поважно од здравјето и од благосостојбата на вработените. Ние имаме одлични услови за здравје и за безбедност во нашите фабрики. Внимателно ги следиме инструкциите на локалните здравствени власти за да го истражиме овој изолиран инцидент- велат оттаму.

Во Клиничката болница во Тетово во моментов на лекување е задржано едно лице од вкупно 183 работници.

 

 

Поврзани новости