Тинејџери го симнале македонското и закачиле албанското знаме во центарот на Куманово

by fokus

Поголема група момчиња, од кои најголем дел биле тинејџери, успеале да го симнат македонското знаме од јарболот во центарот на Куманово и на него закачиле албанско знаме.

Полицијата ја забележала групата и веднаш интервенирала, но според очевидците тие биле нападнати, па откако викнале засилување, успеале да приведат двајца, а останатите избегале.

Политичките партии го осудија настанот. Од СДСМ го оценија како провокација и подгревање на меѓуетнички тензии, а од ВМРО-ДПМНЕ пак, побараа најстроги санкции за „ газењето врз македонското национално достоинство”.

Поврзани новости