Илија Димовски на распит во СЈО

by fokus

Илија Димовски бил на распит во СЈО, како осомничен во проширената истрага за изборни нерегуларности „Титаник“, дознава Телевизија 24.

Пред еден месец, СЈО најави дека истрагата се проширува за уште 17 лица кои се товарат за повеќе кривични дела поврзани со изборите. Ова е првпат Димовски да биде сослушан во СЈО.

За истиот предмет исказ веќе дадоа, екс министрите Гордана Јанкулоска и Миле Јанакиески, пранешниот главен секретар на владата, Кирил Божиновски, како првоосомничени во предметот

Поврзани новости