Европските лидери не ја надминаа полско-унгарската блокада на буџетот

by Фокус

Шефовите на држави и влади на ЕУ за време на денешната видео-конференција не успеаја да најдат решение со кое ќе отстрани блокадата на нацрт-буџетот на Унијата за 2021-2027 година во износ од 1,07 трилиона евра, поставена од Унгарија и Полска, како и за планот за економско закрепнување по пандемијата од 750 милијарди евра

Тоа значи дека лидерите на ЕУ или ќе мора да одржат посебен самит за да разговараат за предлог-буџетот, или оваа тема ќе стане клучна на планираниот самит на ЕУ на 11-12 декември, што најверојатно ќе се одржи со физичко присуство на лидерите.

Инаку, Унгарија и Полска го блокираа одобрувањето на новиот буџетски план на ЕУ, во знак на протест против одлуката за формирање механизам за следење на усогласеноста со владеењето на правото во земјите од Унијата во 2021 година, со што буџетските средства ќе се распределуваат врз основа на резултатите од ова набљудување.

Унгарскиот премиер Виктор Орбан вчера го бранеше ветото, обвинувајќи го Брисел дека сака да ја принуди Унгарија да ја смени својата политика за ограничување на имиграцијата.

Поврзани новости