Европскиот суд го отфрли случајот против Ватикан за сексуална злоупотреба

by Fokus

Европскиот суд за човекови права денеска одлучи дека Ватикан не може да биде тужен пред локалниот суд за сексуална злоупотреба извршена од католички свештеници, потврдувајќи дека Светата столица ужива суверен имунитет и дека не може да и се припишат кривичните дела на свештениците и нивните претпоставени.

Европскиот суд го отфрли случајот инициран од 24 лица кои тврдат дека се жртви на сексуално насилство од свештеници во Белгија и дека Светата столица е одговорна за „структурните недостатоци“, поради што „Католичката црква ги прикрива случаите на силување на свештеници и малтретирање деца со децении“.

Тие поднесоа жалба до судот во Стразбур откако белгиските судови заклучија дека немаат надлежност со оглед на имунитетот на Светата столица како суверена држава.

Европскиот суд објави дека судот во Белгија бил во право и дека на жртвите не им е одземено правото на судење и ја потврди одлуката дека Светата столица ужива суверен имунитет и дека не се применува исклучок од тоа правило бидејќи погрешно однесување на бискупот во случаи на злоупотреба не може да се припише на Ватикан.

Поврзани новости