Европскиот парламент денеска ќе одржи вонредна расправа за ситуацијата на северот на Косово, а се очекува Резолуцијата да биде усвоена на крајот на месецот.
Дебатата ја иницираше Алијансата на социјалистите и демократите, втората по големина пратеничка група во ЕП.
„На наше барање, ЕП ќе усвои резолуција за Косово и Србија на втората пленарна седница во октомври. Ја осудуваме неодамнешната агресија на вооружена терористичка банда врз косовските полицајци. Мора да се утврдат сите факти за нападот. Одговорните извршители мора да се соочи со правдата“, се наведува во соопштението на европските социјалдемократи.
Европратеникот и иницијатор на оваа дебата, Тонино Пицула, во изјава за Радио Слободна Европа изјави дека Резолуцијата треба да биде јасна оценка на ЕП за состојбата на односите меѓу Приштина и Белград, „и во пресрет на последен терористички напад на северот на Косово и убиство на полицаец“.