Европски дипломати и унгарски европратеник фатени во „ковид оргија“ во Брисел

by fokus

Бриселската полиција утрово соопшти дека открила и спречила „ковид оргија“ во кафуле во центарот на градот, помеѓу учесниците повеќе европски дипломати и еден европратеник, јави дописничката на МИА од Брисел.

Дваесет и пет лица учествувале во оргијата во кафуле близу полициската станица во центарот на градот, информираа властите.

Според весникот ДХ, кој ја обелодени информацијата, полициски извор изјавил „налетавме на огромен генг бенг“. Пронајдени се алкохол, дроги, а сите присутни се казнети.

Унгарските медиуми објавија дека европратеникот фатен во ковид оргија е Јосеф Сајер од партијата на унгарскиот премиер Виктор Орбан, Фидес.

Сајер е познат како ултраконзервативен, тој попладнево издал соопштение со извинување до неговото семејство и неговите гласачи поради учество во “приватна забава“.

Европратеникот Сајер се обидел да избега кога пристигнала полицијата, а потоа пробал да се оправда со парламентарниот имунитет.

Поврзани новости