Европската канцеларија за измами отворила истрага за ИПА фондовите во Македонија

by Фокус

Отворена е истрага за искористувањето на средствата од ИПА фондовите во Македонија, јави Радио Слободна Европаповикувајќи се на информација добиена од ОЛАФ – Европската канцеларија која е надлежна за истраги поврзани со измами при Европската комисија.

Од Европската канецеларија за измами не сакале да дадат повеќе детали, освен тоа дека истрагата е отворена. Во оваа фаза на истрагата не можат да кажат за колку пари станува збор.

ОЛАФ ја отвора оваа истрага откако посредникот Питер Ванхојте изјави дека има сознанија, односно луѓе кои би сакале и да сведочат дека околу 40 отсто од парите од ИПА фодовите во Македонија биле користени на незаконски начин, односно украдени.

 

Поврзани новости