Додека ја испрашуваше Јанкулоска, на судијата му се слоши

by Фокус 16:17
16:17

Денешниот распит на поранешната министерка Гордана Јанкулоска по четири часа е прекинат, бидејќи на судијата кој го водел му се слошило. Биле испрашувани и двајца началници во МВР и архивар.

Како што информираат од Судот, на судијата не му било добро, па осомничените во случајот „Тврдина“ дополнително ќе бидат повикани за продолжување на сослушувањето.

- Advertising -

-Не се чувствувам виновна ниту по наводите од овој ниту пак, за претходниот случај на СЈО. Додека бев министер, должноста ја извршував чесно, професионално и во интерес на Република Македонија, изјави Јанкулоска по напуштањето на Судот, додавајќи дека случаите се дел од политичката агенда на СЈО.

 

 

Поврзани новости