Европратениците денеска разгледуваат продолжување на рокот за Брегзит

by Fokus

Европските пратеници денеска би требало да разгледаат на кој рок би го одложиле Брегзит, откако британскиот премиер, Борис Џонсон, предложи предвремени избори во Велика Британија во декември.

Претставниците на 27 – те земји членки на ЕУ во средата не донесоа одлука за продолжување на рокот иако се согласија дека тоа е потребно за да се надмине застојот што се случи за време на процесот за излегување на Обединетото Кралство од Унијата.

Британскиот премиер, Борис Џонсон, вчера побара парламентарни избори на 12 декември и првпат не спомна напуштање на Европскиот блок на 31 овој месец, со или без договор. Напоменуваме дека Џонсон постигна нов договор со Брисел, но британскиот парламент сѐ уште не го ратификуваше планот на премиерот, бидејќи пратениците побараа повеќе време за разгледување на истиот.

Поврзани новости