Еврокомисијата ја тужи Британија поради кршење на договорот за Брегзит

by fokus

Европската комисија поднесе четири тужби против Велика Британија поради наводно непочитување на догововор за Брегзит, што влијае врз увозот на стоки во Северна Ирска.

Од Комисијата соопштуваат дека била приморана да дејствува бидејќи Лондон од февруари не учесвувал во „коректна дусикусија“ по прашањето. Брисел истовремено е загрижен поради Нацрт-протоколот за Северна Ирска што се наоѓа пред Парламентот.

Владата во Лондон сака Парламентот да изгласа закон со кој еднострано ќе бидат изменети одредени делови од Брегзит, а се однесуваат на Северна Ирска, на што се спротивставува ЕУ истакнувајќи дека се работи за кршење на меѓународен договор.

Случаот би можел да заврши пред Европскиот суд на правдата, и доколку тој Суд ја прогласи Велика Британија виновна тоа ќе значи дека Лондон ќе мора да плати соодветна казна.

Поврзани новости