ЕВН: Прекин во снабдувањето на дел од Аеродром и Ново Лисиче поради дефект на трафостаница

by irena 17:02
17:02

Поради дефект на 110кВ трафостаница „Аеродром” моментално поголем дел од корисниците од Аеродром и Ново Лисиче, како и дел од корисниците од централното градско подрачје, се соочуваат со прекин во снабдувањето со електрична енергија.

Екипите на Електродистрибуција веднаш се упатија на лице место со цел санација на дефектот.
Дефектот е поради пожарот во Вардариште кој изби попладнево.
Противпожарни екипи се уште го гасат пожарот.

Слични вести