Виолинистката Меј со порака да запре труењето на кучиња

by fokus

Светската виолинистка Ванеса Меј, која го отвори Охридско лето, упати видео порака за хуманост и против насилство врз животните.

– Навистина ме растажува кога слушам дека во земјава се случуваат масовни труења на кучиња и мачки по улиците. Ја повикувам Владата да престане со слободна продажба на отрови затоа што тоа е навистина нехумана активност. Кучињата не бараа да бидат овде и заслужуваат најголема љубов и почит. Затоа ве молам заедно со Анима Мунди промовирајте вдомување на бездомни животни бидејќи ја заслужуваат вашата љубов, наместо да промовирате одгледувачи, порачува Меј, во видео пораката споделена од здружението за заштита на животните Анима Мунди.

„Реалност, а не хорор филм“ е краткото видео со обраќање на Ванеса Меј, која е веган и борец за правата на животните.

Ванеса Меј со порака до властите да запре насилството врз животните❗️

Отворањето на Охридско лето со меѓународната звезда Ванеса Меј понуди многу повеќе од спектакуларно музичко уживање – Ванеса Меј сподели порака за хуманост и против насилство врз животните во Македонија. Ванеса е веган и борец за нивните права, згрозена од начинот на кој се третираат во целата држава. „Реалност, а не хорор филм“ е краткото видео со обраќање и барања до институциите кое го промовираме пред нејзиниот настап (видеото нешто подоцна), а по завршувањето на концертот и средбата со активистите ова е нејзината порака до јавноста и македонската влада. Те сакаме и ти благодариме Vanessa-Mae ! <3

Publiée par Anima Mundi – здружение за заштита на животни sur Samedi 13 juillet 2019

Поврзани новости