620
Кабина за ренген денеска се запалила на Клиниката за радиологија, а од Министерството за здравство велат дека целиот објект навреме бил евакуиран.
-Пожарот не бил во просторија каде има пациенти и за среќа нема повредени. Целиот објект е навреме евакуиран, појаснуваат од Министерството за задравство за Фокус.
Противпожарната бригада интервенирала брзо, а МВР врши увид.