Евакуирани четири населби и материјална штета на куќи во големиот пожар во близина на Атина

by Fokus

Преку порака од бројот за итни случаи 112 од жителите на четири населби беше побарано да се евакуираат поради големиот шумски пожар што кусо по 17 часот избувна во североисточниот дел на областа Атика, поширокиот регион на Атина, а огнените јазици веќе предизвикаа материјална штета на куќи, јави дописничката на МИА од Атина.

Шумскиот пожар започна од планината Пендели и поради силниот ветер брзо се спушти и се прошири кон населените места, а ситуацијата е полоша од претходно и затоа зголемен е бројот на пожарникари кои учествуваат во справување со огнената стихија.

Поврзани новости