429
Аеродромот во Базел, Швајцарија, денеска е евакуиран од безбедносни причини, соопштено е.
„Патниците се замолени да контактираат со нивната компанија за информации за летот“, соопшти прес-службата на аеродромот.
Во соопштението се додава дека во тек е полициска акција, но не се познати повеќе детали, пишува Блик.
Полицијата подоцна соопшти дека добила дојава за закана за бомба и дека аеродромот е евакуиран.
Да потсетиме, овој аеродром и вчера беше евакуиран поради закани за бомби и беше отворен дури по неколку часа.