ЕУ воведува визи за Американците

by fokus

Европскиот парламент денеска изгласа укинување на безвизниот режим за САД, јавуваат светските медиуми.

Одлуката е донесена откако САД одби да го одобри безвизниот режим за граѓаните од пет земји-членки на ЕУ, односно, Бугарија, Хрватска, Кипар, Полска и Романија, што беше дел од договорот за реципроцитет.

Со овие измени, американските граѓани ќе мораат да вадат дополнителни документи за патување низ земјите од Европската унија.

ЕУ и претходно се пожали дека САД не го почитува Договорот за реципроцитет, но досега немаше санкции.

Поврзани новости