Ахмети: ВМРО-ДПМНЕ И СДСМ се генератори на проблемите во Македонија

by fokus

За лидерот на ДУИ, креатори на кризата во Македонија се  двете најголеми македонски партии ВМРО-ДПМНЕ И СДСМ.

Во изјава за ТВ21, Али Ахмети вели дека знаел дека ситуацијата ќе се влошува уште кога неодамна потенцираше дека “украинското сценарио не е далеку“. Според него, Албанците се обидуваат земјата да ја извлечат од криза и дека Македонските партии се тие што предизвикуваат тензии.

Тој тврди дека заедничката платформа на Албанските парламентарни партии е создадена во Скопје, а не во Тирана како што тврди ВМРО-ДПМНЕ и претседателот на државата.

Според Ахмети, не е коректно овој принципиелен документ да се употребува за зголемување на меѓуетничките тензии, но и тензиите помеѓу две соседни земји како што се Албанија и Македонија.

Тој повторува дека оваа заедничка декларација не го загрозува територијалниот интегритет на Македонија.

Поврзани новости