537
Европската унија потврди дека ќе воведе контрола на извозот на вакцини против коронавирус произведени во блокот, среде спорот поради намалените испораки.
-Заштитата и безбедноста на нашите граѓани е приоритет и предизвиците со кои се соочуваме сега не ни оставија избор“, соопшти Европската комисија.
Оваа одлука ќе погоди повеќе од 100 држави, вклучувајќи ги Велика Британија, Австралија, САД и Канада, а таа нема да се однесува на вакцините наменети за Ковакс иницијативата, како и на извозот во Швајцарија, Норвешка, Израел, Западен Балкан и Северна Африка.