Пировска: Илјадници случаи како „Јавна соба“ остануваат без разрешница

by Фокус

Имаме илјадници случаи и кривични пријави и за говор на омраза, но не се процесуираат, истото се случува сега и со случајот со „Јавна соба“, вели Уранија Пировска од Хелсиншкиот комитет. Таа на „360 степени“ истакна дека бројни случаи заглавуваат во Основното јавно обвинителство и остануваат без разрешница.

-Ние и минатата година кога се обративме до Министерството за внатрешни работи со материјали прибавени од жртвите од „Јавна соба“ добивме известување дека го процесуирале предметот до Основно јавно обвинителство и таму се застанува. И секогаш така се случува и со нашите пријави за говор на омраза. Невозможно е толку време да се судираме со вакви феномени и да не се најде начин како да се справиш и да го докажеш кривичното дело и да ги санкционираш сторителите – вели Пировска.

Поврзани новости