Патиштата наместа влажни, се препорачува внимателно возење

by Fokus

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено по наместа влажни коловози. Врнежи од слаб снег има на Попова Шапка.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има појава на утринска магла и можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Поврзани новости