368
Евроамбасадорот Аиво Орав предупредува дека уставните измени, кои се во собраниска процедура, не треба да се носат без пошироки консултации, поради нивната важна природа.
– Уставни измени кои имаат олку важна природа бараат широк политички и општествен консенсус. И покрај процесот на консултации кој зема место, вклучувајќи ги и меѓународните организации, забележуваме дека овие уставни измени минуваат низ собраниска постапка во време кога најголемата опозициска партија го бојкотира собранието. Важно е уставните измени да дојдат како резултат на широка и издржана дебата која ќе вклучи различни политички сили“, стои во писмената изјава на Орав.