МОН: Штрајкувачите да им дозволат на учениците да полагаат екстерно тестирање

by Фокус 12:33
12:33

Министерството за образование и наука апелира до управите на средните училишта, до членовите на СОНК и до сите ангажирани субјекти во реализацијата на процесот на екстерната проверка на постигањата на знаењата на учениците од завршните години (трета и четврта), да им овозможат на учениците коишто пристигнале во училиштата на однапред дефинираниот термин, непречено да ја реализираат својата училишна и законски регулирана обврска.

– Имено, согласно информациите од кол центрите и ангажираните тестатори и набљудувачи, во ССОУ “Киро Бурназ“ во општина Куманово, на учениците кои пристигнале во училиштето, им било оневозможено да се тестираат, односно да го верификуваат стекнатото знаење, што е спротивно на нивната волја и позитивните законски прописи во Македонија. Проблеми со учениците се детектирани и во средните училишта во општина Тетово. Тоа предизвикува директна штета по однос на воспитно образовниот процес на учениците и подразбира ограничување на правото на понатамошно образование, односно упис и формализација на високото образованиe – се наведува во соопштението од МОН.

- Advertising -

Тие ги повикуваат членовите на СОНК и сите други одговорни лица во образовниот процес, да не експериментираат со учениците, да не ги злоупотребуваат, да не си поигруваат со нивните судбини и активностите да ги реализираат на начин преку кој нема предизвикаат реперкусии врз нивното образование.

 

Поврзани новости