Во експертскиот извештај што го подготви Европската комисија има дадено низа препораки за подобрување на состојбата со медиумите за која се посочува дека е една од најкритичните. Во извештајот стои дека „неодамнешните откриени прислушувања потврдија постоење нездрава врска помеѓу водечките/главните медиуми и високи владини функционери, со изгледи за примање директни наредби(медиумите) од последните (владините функционери) врз основа на фундаментални прашања на уредувачката политика“.
Дел од препораките дадени од Европската комисија се следниве:
-Купувањето политичка поддршка од медиумите преку финансиско поддржување на медиумскиот пазар е неприфатливо. Строги правила за владиното рекламирање мора да бидат применети/наложени/наметнати.
-Сите медиуми мора да бидат ослободени од секаков политички притисок без мешање и закани.
-Медиумите треба да се дистанцираат од партиските политики и не треба да бидат во служба на политичарите и политичките партии.
-Јавниот национален сервис треба да настојува/да вложува напори да биде комплетно непристрасен и независен од политички, комерцијални и други влијанија и идеологии да допинесе кон информирано граѓанство.
-Судовите со обвинувањата за клевета треба да се носат на балансиран начин, независен од можни политички импликации за партикуларен случај. Судовите треба да развијат чиста и силна практика за заштона на слободата на изразувањето во поглед на обвинувањата за клевета.
-Медиумското сопствеништво и медиумското финансирање треба да биде транспарентно.
-Новинарските работни услови треба да бидат унапредени/подобрени/поправени како би се намалила самоцензурата.