Првите пратеници на ДПМНЕ испратија порака до сегашното раководство на партијата

by Фокус

-Со актуелната општествена политичка криза, која во основа претставува скандалозна ерозија на институциите на системот и целосен недостиг на принципот на одговорност, Македонија се оттргнува од перспективата на хармонизирани социјални и меѓуетнички односи, добрососедски односи и интеграција во ЕУ и НАТО, стои во отвореното писмо потпишано од деветмина членови од првата пратеничка група на ВМРО ДПМНЕ: Ратка Димитрова, Јордан Бошков, Билјана Лазаревска, Горан Зафировски, Цветан Јовчевски, Никола Апостолоски, Благоја Чкатровски, Ташко Киров Костенчев и Борко Ѓорчевски.

Тие повикаа државата да се врати на патот на кој ја поставиле пред четвртина век, на самостојната, стабилна и демократска држава на рамноправни граѓани. Порачуваат дека како носител на големата идеја за создавање и зацврстување на Македонија како држава, ВМРО-ДПМНЕ треба да излезе во пресрет на граѓанското движење дома и на барањата на меѓународната заедница, заради постигнување на консензус на општо граѓанско помирување.

Поврзани новости