ЕУ: Санкции за Македонија, оти владата нема волја за реформи

by fokus

Влошувањето на политичката криза во државата и недостатокот на политичка волја за излез од истата, се главна причина за одлуката на Европската Унија да ја суспендира финасиската помош за Македонија.

Портпаролот на Европската комисија Маја Коцијанчиќ во изјава за СДК.мк потврди дека се скратени 27 милиони евра кои државата требаше да ги добие преку ИПА фондовите. Освен тоа таа најави дека Европската Унија веќе нема да учествува со нови проекти во Македонија, се дури државата не се помрдне од ова „статус кво”.

„Во последниве години и особено во текот на минатата година, Европската комисија постојано на властите им ја искажуваше својата загриженост за тоа дека нема подготвеност и нема зрелост во планирањето во клучните сектори, како и дека нема политичка посветеност за да се исполнат потребните секторски реформи, а нема и посветеност за реформи воопшто“, изјави Коцијанчиќ за СДК.мк

Таа додава дека владата и администрацијата немаат волја да ги исполнат реформските задачи, ниту да ги имплементираат фондовите од ЕУ во тие области.

 

 

 

Поврзани новости