Банална расправија го однесе животот на 4-годишниот Алмир

by fokus

Четиригодишно дете кое пред една недела, заедно со родителите, беше прегазено со автомобил во Куманово, почина во Клиничкиот центар во Скопје.

Инцидентот се случил по кратка расправија во амбуланта во Куманово, каде малиот Алмир требало да прими инекција. Неговите родители решиле да пуштат друг пациент да влезе пред нив, зашто процениле дека е поитен случај. Тоа не му се допаднало на некој друг што чекал на ред, по што влегол во расправија.

По кавгата, кумановецот со возило Мерцедес намерно удрил во двајца сопружници и нивното четиригодишно дете.

Кумановецот кој ги прегази доби 30-дневен притвор и ќе одговара за убиство во обид.

Поврзани новости