Прв бран санкции за Македонија од ЕУ

by fokus

Политичката криза ги донесе првите санкции за Македонија од Европската Унија.

Европската комисија одлучи да суспендира 27,1 милион евра, финансиска помош која државата требаше да ја добие преку ИПА фондовите, јави Алсат ТВ.

За преостанатите 50 милиони евра од ИПА, дополнително ќе се разговара.

Санкциите следат како одговор на недостатокот од политичка волја за реализирање на Пржинскиот договор.

Владини извори веќе потврдиле дека се известени за санкциите,  но не сакале да го коментираат износот.

Поврзани новости