ЕУ очекува брзо да се формира влада

by fokus 15:37
15:37

Европската комисија (ЕК) очекува брзо формирање влада, изјави денеска Маја Коцијанчич, портпарол на Комисијата, пренесе МИА.

-Како што постојано говориме, ние не шпекулираме за составување на владата и програмата во ПЈР Македонија. Но, ние очекуваме, а тоа е случај од одржувањето на изборите, брзo формирање на нова влада, која ќе има широка политичка поддршка и која силно ќе биде посветена на европските реформи и на имплементирање на сите делови од договорот од Пржино и на итните реформски приоритети. Ова е многу јасна позиција и ова е тоа што го очекуваме и кое со нетрпение го очекуваме – изјави Коцијанчич.

Поврзани новости