Попоски: Најдобро е да има политичка влада

by fokus

Во моментов не знаеме каква влада ќе има, или дали ќе се оди на нови избори, но најефикасна е влада со политички мандат, изјави министерот за надворешни работи, Никола Попоски, во интервју за Хрватската телевизија.

-Во овој момент тешко е да се прогнозира кога и во каква форма би формирале влада или дали би се одлучиле на повторни избори, но праксата ни покажа дека најдобро е кога има влада со политички мандат, која може да носи одлуки и врз основа на одлуките одлучувате колку е успешна, рече Попоски.

За тоа како ги коментира обвинувањата за владата на Груевски за пресметка со политичките неистомисленици или гушење на медиумските слободи, Попоски истакна дека оваа тема прилично се злоупотребува и дека работите треба реално да се гледаат.

-Мислам дека поприлично многу се злоупотребува темата и се фаќа страна во однос на една или друга политичка опција. Треба да ги погледнеме работите реално. Владата предводена од Никола Груевски успеа да направи најдобри економски резултати, да направи реформи, да добие шест, седум практично препораки за почеток на преговорите и да дојде во 2008 година во ситуација во која сите услови за членство во НАТО се постигнати, изјави Попоски.

Поврзани новости