ЕУ нема да брза со признавање на талибанската власт

by fokus

Европската унија ќе треба да воспостави односи со талибанците, но нема да брза официјално да ја признае исламистичката група, изјави високиот европски функционер Гунар Виганд.

Тој посочи дека официјалните односи можат да започнат дури кога талибанците ќе исполнат низа услови, вклучувајќи почитување на човековите права и отворање на Авганистан за хуманитарните организации.

-Нема сомнеж, ниту меѓу земјите на ЕУ, ниту во контекст на Г7. Треба да воспоставиме однос со талибанците, треба да комуницираме со нив, треба да влијаеме врз талибанците, треба да ја искористиме моќта што ја имаме – нагласи Виганд.

Тој потенцира дека нејасно е дали талибанците ќе можат ефикасно да владеат, но, додаде тој, за ЕУ ​​клучен услов за официјални односи ќе биде воспоставување инклузивна и репрезентативна преодна влада.

Поврзани новости