Лидерите на земјите членки на ЕУ на вчерашниот Самит во Брисел, на кој постигнаа договор со Турција за надминување на мигрантската криза, се заложија и за зајакнување на соработката со државите од западниот Балкан, пред сe со Македонија и Србија, за справување со проблемот со бегалците, соопшти Европскиот совет на својата интернет страница.
ЕС нагласува дека неговиот прв човек, Доналд Туск, веќе разговарал со претседателот на Европската централна банка, Марио Драги за обезбедување на финансиски средства за земјите од западно балсканскиот регион, наменети за справување со проблемот со бегалците.
Во соопштението се додава и дека лидерите на ЕУ на вчерашниот Самиот во посебен заклучок најавија дека до претстојново лето ќе предложат обезбедување на дополнителни финансиски средства за изградба на инфраструктура и за економско зајакнување на западниот Балкан.